Осуден тинејџерот – монструм – со нож брутално ја убил својата болна сестра! Неговите зборови ќе ве потресат: Ги згрози сите во судницата!

Тинејџер е осуден на најмалку 10 години и пет месеци затвор за убиството на неговата сестра, за која рече дека ја смета за „иритирачка“ и „ја мрази“ цел живот.

Малиот Бенет-Смит (17) ја избодел 19-годишната Лука Бенет-Смит откако и’ рекол дека сака да вежба местење глава во куќата што ја делеле во Бристол во октомври минатата година.

Во моментот на несреќата биле сами дома. Тие имаа договор дека Мали може да вежба да ја удира со глава, но тој да престане кога таа ќе го удри по раката. Но, тој ден тој го игнорирал нејзиниот сигнал и наместо тоа продолжил да ја држи, а потоа постојано ја бодел.

Во подготвената изјава што подоцна ја дал во полиција, тинејџерот рекол дека неговата сестра, која имала пореметување на хиперактивност со дефицит на внимание (АДХД), е „иритирачка“ и дека чувствува дека го малтретирала.

– Откако го погледнав видеото, се симнав долу во дневната соба и го прашав Лука дали можам да вежбам притискање со глава врз неа. Таа се согласи, тоа го правевме и претходно, а кога требаше да застанам, се договоривме да ме удри по раката. Овојпат решив дека нема да престанам, сакав да ја убијам, ми беше доста од начинот на кој таа се однесуваше со мене – рекол тој.

Откако ја избодел, се јавил на 911 и им кажал што направил. Тој им рекол на операторите дека не се расправале и дека ја мразел цел живот и само сакал никогаш повеќе да не ја види во животот.

Тој беше осуден на доживотен затвор откако во понеделникот пред судот во Бристол се изјасни за виновен за нејзиното убиство.

Судијата го нарече убиството „шокантно и брутално“.  Тој рече дека употребата на ножот, фактот дека Мали „несомнено имал намера да ја убие“ и бруталноста со која го сторил тоа биле земени како отежнувачки околности.