Осум дена притвор за сопственикот на портал кој синоќа беше приведен

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство кое бараше притвор за сопственикот на портал осомничен за четири дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Како што информираат од Кривичниот суд во Скопје, на осомничениот му е одреден притвор од осум дена.

По барање на ОЈО-Скопје, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа е извршен претрес во домот каде престојувал осомничениот, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

Медиумите синоќа објавија дека по налог на Обвинителството бил извршен претрес во домот на сопственикот на „Доказ м“, Марјан Стаменковски во скопската населба Влае.