Осум деца на возраст од пет до осум години се згрижени во болница во Требиње поради симптоми на труење, откако престојувале во популарниот туристички комплекс во градот Сунца, кој се рекламира како најголемиот аквапарк на Балканот.
Според инфотмациите на RTRS, седум од нив се на педијатриско одделение, додека едно е на интензивна нега.
„Сите пациенти покажуваат знаци на труење со вдишување. Поради брзиот развој на симптомите, едно дете е префрлено на интензивна нега“, изјавила д-р. Љиљана Буха, раководителка на педијатрискиот оддел.
Од болницата додаваат дека децата се во стабилна состојба.
„Децата кои беа хоспитализирани на педијатрија реагираа брзо и добија соодветна грижа од персоналот, вклучително и кислород, и моментално се стабилни“, објаснила докторката за локалните медиуми.
Неофицијално се сомнева дека децата се затруле со хлор, јавуваат медиумите.
Симптомите што ги покажале вклучувале кашлање, намалено ниво на кислород и губење на свеста.