Осум лица повредени во рускиот напад врз Одеса

Осум лица беа повредени во денешниот руски напад врз Одеса.

Градскиот совет на Одеса на Телеграм изјави дека во овој напад е оштетена цивилната инфраструктура.

Покрај тоа, оштетена е и административната зграда, како и автомобилите паркирани во близина на станбени згради.

Досега е пријавено дека осум лица се повредени и дека им е укажана медицинска помош.

Степенот на повредите не е објавен, а како што е наведено, засега нема пријавени смртни случаи.