– Во земјите на Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија од 18 до 26 мај 2023 година ќе се оствари студиска посета на 50 магистранти и докторанти од универзитетите Харвард (САД) и МИТ (САД) на студенти од 17 различни земји, од сите континенти, освен Австралија, под името Балкан трек (Балкански пат).
Како што соопштија денес од Владата на Р.Србија на денешната седница е донесена одлука Владата да ја подржи во рамки на Иницијативата Отворен Балкан оваа студиска посета.
-Целите на „Балкан Трек“ се: презентирање на општата политичка состојба на земјите од Отворениот Балкан, подигнување на видливоста на економските резултати и плановите за иден развој, запознавање на културата, историјата, религијата и гастрономијата на нашите народи и градење врски со млади професионалци и долгорочно поврзување со регионот, се наведува во соопштението.
Во него се наведува и дека фокусот на посетата ќе биде иднината на регионот – преку разговори со највисоките државни функционери, презентација на иницијативи и проекти и градење лични мрежи со професионалци во земјите од Отворениот Балкан. На овој начин ќе се зголеми видливоста на нашите земји и ќе се постават основи за заеднички проекти во иднина, соопштија од српската Влада.