„Отишла во Словенија за да ѝ помогнат бидејќи била болна“ Соседите споделија детали од животот на убиената Србинка

Момче (20) од Словенија е уапсен под сомнение дека ја задавил својата девојка (27).

Словенец ја убил својата девојка, државјанка на Србија, а нејзиното тело било пронајдено два дена по злосторството. Убиеното девојче живее во Словенија од 2014 година, а нејзините соседи во Смедерево се во шок поради сè што се случило.

– Во 2014 година фамилијарно отидоа во Словенија за да ѝ помогнат, таа беше болна и имаше проблем со наркотици. Се сакаа, сè беше во ред таму a здравјето ѝ се подобри, па се запиша за медицинска сестра – велат соседите.

Според мештаните, таа имала проблеми, а понекогаш била и насилна кон семејството.

– По некое време го запознала тој млад човек и почнале да живеат заедно. Тоа што се случи е страшно – велат соседите.

Злосторството што се случи во Словенија ја шокираше јавноста. На кобниот ден, во полиција се јавил маж кој им кажал дека се наоѓа во станот на улицата Партизанска во Марибор, а во истиот стан има маж кој ја повредил жената.

По пристигнувањето, полицијата пронашла тело во станот, по што нејзиниот партнер бил уапсен.

Полицијата со прибирање информации утврдила дека осомничениот и оштетената во четвртокот на 25 мај имале сериозна расправија и дека осомничениот неколку пати ја удрил жртвата по главата, а потоа ја задавил.

Инаку, убиецот веќе и’ е познат на полицијата. Неколку пати е гонет за семејно насилство, нарушување на јавниот ред и мир, но и за производство на дрога и трговија со дрога.