Пред шест години, Кимберли Мекормик (65) била подложена на операција која и го реши долгорочниот проблем – вишокот килограми . Сепак, не се задоволила со вишокот кожа и гради по ослабувањето. Нејзината единствена желба била да ги затегне кожата и градите, но работите тргнале надолу кога се разбудила од анестезија.
Кимберли платила 75.000 долари за операција за затегнување на кожата и подигнување на градите. Ризичната процедура е извршена во Тихуана, Мексико. Кога се разбудила по операцијата градите и задникот и биле огромни. Имено, пластичните хирурзи не ги направиле естетските зафати за кои дошла, туку и вградиле импланти во градите и направиле бразилско зголемување на задникот.
“Ја повикав ќерка ми во солзи бидејќи се разбудив со огромни гради кои не ги сакав. Сакав затегнување на кожата на рацете, нозете и стомакот. Сè пред операцијата беше обележано, но тие зафати на крајот не беа направени. “, вели Кимберли.
Несреќниот пресврт на настаните скапо ќе ја чини Кимберли бидејќи ако сака да ги откаже операциите, повторно ќе треба да плати 75.000 долари, но веќе не се работи само за парите. Имено, поради поставувањето на големи силиконски гради, Кимберли има здравствени компликации бидејќи нема доволно кожа за потпора, па раните не зараснуваат и постојано е на антибиотици .
Случајот моментално го истражуваат полицијата и судството во Америка, додека Кимберли лежи во болка и собира пари за да ги врати неуспешните операции.