Џејд Ташингам (32) и нејзината партнерка Кели (30) отпатуваа во Анталија, Турција во септември 2022 година. Тие планираа да го комбинираат одморот на плажа со стоматолошка процедура, привлечени од пониските трошоци за естетска хирургија во земјата.
Во Велика Британија тоа може да чини и до 20.000 фунти, а „турските заби“ ги добиле за 4.240 фунти.
Ден по нивното пристигнување, тие посетиле приватна клиника во близина на нивниот хотел. Им била направена рендгенска снимка, а потоа им бил даден локален анестетик додека стоматолозите им ги правеле забите за што тврдат дека веднаш им предизвикало болка.
После тоа, на рецепцијата на клиниката морале да чекаат околу пет часа со своите „заби од ајкула“, пред стоматолозите да им постават привремени фасети кои ќе ги носат неколку дена додека ги дочекаат трајните заби, пишува Индипендент.
Џејд и Кели ги споредија привремените фасети со „коњски заби“ и тврдат дека им се лошо поставени, што им го отежнува јадењето на нешто поцврсто од супа или пире од компири.
Шест дена подоцна, тие биле поканети да им ги вградат коронките и било, велат, многу крваво.
„Многу наши пријатели веќе го направија тоа и ни рекоа дека не боли. Отсекогаш сум сакала да го направам тоа, иако претходно забите ми беа добри“, рече Џејд и призна дека немаше да помине низ тоа ако знаеше каква болка ќе предизвика. „Тие изгледаат прекрасно на сликите, но тоа е кошмар“.
Кога ја напуштиле Турција, по една недела, тие се уште имале силни болки.
„На забарот му испративме порака на Инстаграм за тоа кога се вративме. „Беше тешко да се комуницира поради јазичната бариера, но тие не советуваа да пиеме ибупрофен пет дена и да пробаме миорелаксанти“, вели Џејд. „Ние и онака веќе земавме за Ибупрофен и тоа не направи никаква разлика, па не знаевме што да правиме. Се чинеше дека ништо не ја отстранува болката“.
И покрај обидот да добијат помош во ОК, тие не можеа да најдат стоматолог кој би се справил со тоа.
„Ниту еден стоматолог во ОК не сака да ги пипне“, рече Џејд и заклучи дека ако ситуацијата не се промени, тие ќе мора повторно да одат во Турција.
„Нашите заби изгледаат неверојатно убаво визуелно, и луѓето цело време не прашуваат каде сме ги направиле затоа што и тие сакаат така да ги поправат. Секогаш велиме не, апсолутно не ги правете. Никогаш не би ги препорачале никому“.