Што би било првото нешто што би го направиле доколку победите на лотарија ? Многумина речиси сигурно би ги напуштиле своите работни места, но не и Пјер Ришер, кој навистина добил на лотарија и се разбудил во 4:30 часот во понеделникот за да оди на работа .
60-годишникот од Квебек со години работи како возач и менаџер за превоз во компанија и не сакал да ги разочара своите колеги, дури и откако освоил 50 милиони канадски долари.
„Не можам да ги оставам сами, на цедило. Без мене, одделот не би функционирал“, изјави скромниот Пјер за новинарите. Тој призна и дека нема висока плата, но се уште е незамисливо да ги напушти колегите и компанијата.
Тој додаде дека ќе размислува за тоа уште неколку недели, но дека нема намера да се повлече од работата. Добивките ќе купат нов автомобил и куќа.
Неговиот сон, вели, е да ја коси тревата пред неговата куќа. „И тоа е отприлика“, заклучил овој среќен Канаѓанец, кој го платил билетот сосема случајно – отишол со ќерка му да земе кори за пити за кои слушнал дека се на распродажба и патем го уплатил ливчето.