Во светот има многу бизарни случаи за кои безброј пати е поставено прашањето – како е тоа можно, но случајот со маж од Виетнам изгледа е еден од најчудните досега.
Се започнало од 34-годишен маж кој се пожалил на болки, поради што отишол на лекар. Тој бил примен во болница во провинцијата Куанг Нин во Виетнам со силни грчеви а рендген и ултразвук покажале дека има туѓо тело во стомакот.
Иако не беше јасно што е во прашање, беше јасно дека случајот е сериозен имајќи предвид дека нешто предизвикало цревна перфорација и перитонитис, кога внатрешниот ѕид на желудникот станува отечен и болен.
Одлуката е итно да се оперира, но хирурзите ни во своите најлуди соништа не можеле да замислат што ќе видат во неговата утроба. Од стомакот е извлечена јагула долга 30 сантиметри.
Најбизарното нешто беше што јагулата беше сè уште жива . Мажот подоцна одбил да објасни како јагулата влегла во него, но лекарите веруваат дека таа влегла во неговиот ректум, се лизнала на дебелото црево, му ги изглодала цревата и му влегла во стомакот.
Тие рекоа дека биле зачудени што јагулата била сè уште жива кога ја отстраниле.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Видеото од овој бизарен случај можете да го погледнете во продолжение: