Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со обвинувања за пазарна манипулација по вчерашниот повик за купување акции, а потоа и ненадејната промена на курсот во трговската војна, која предизвика огромен пораст на берзанските индекси ширум светот.
Акциите диво пораснаа веднаш по објавата на 78-годишникот, но поинтересно е што се случуваше на берзата пред Трамп да ја објави паузата за царините.
Она што се случи покрена сериозни сомневања дека инвеститорите знаеле за планот за пауза пред тој да го објави на неговата лична мрежа Truth Social.
“This is Charles Schwab…it’s not just a company, it’s actually an individual!” President @realDonaldTrump 🤣🤣 pic.twitter.com/uOHJF8VD4v
— Margo Martin (@MargoMartin47) April 9, 2025
Во меѓувреме на Х кружи видео на кое Трамп покажува колку заработиле неговите пријатели. Видеото првично беше објавено од Марго Мартин, советник за комуникации на Трамп.
Во видеото се појавува Чарлс Шваб, американскиот милијардер и основач на корпорацијата Чарлс Шваб, пионер во деловната индустрија на „брокерот со попусти“, кој е и политички донатор и поддржувач на Трамп, сугерирајќи ги неговите блиски врски со него.
„Ова е Чарлс Шваб. Тоа не е само компанија, тоа е личност. Денес заработи 2,5 милијарди“, рече Трамп, покажувајќи кон Шваб.
Потоа раскажува за друга личност и вели дека „освоил 900 милиони долари“.
Инаку, Трамп изјави дека ги паузирал 90 дена царините што ги вовел пред една недела, но кои не важат за Кина, Мексико и Канада.