Астрономите пронајдоа три претходно непознати месечини во Сончевиот систем, две кои орбитираат околу Нептун и една околу Уран.
Далечните месечини се забележани со помош на копнени телескопи на Хаваи и Чиле, соопшти Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија.
Една од новите месечини на Нептун го има најдолгото познато орбитално патување, за што се потребни околу 27 години за да се заврши една орбита околу Нептун, рече Скот Шеферд, астроном од Институтот за наука Карнеги во Вашингтон, кој помогна во откривањето на трите месечини. Месечината која орбитира околу Уран, со проценет дијаметар од само осум километри, веројатно е најмалата месечина на таа планета, пренесува АП.
„Се сомневаме дека допрва треба да се откријат уште многу помали сателити“, додаде Шеферд.
Земајќи го предвид најновото откритие, околу Нептун има 16 месечини и околу Уран 28.