Познатата холивудска брачна двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек во последно време ги полнат медиумските колумни со своите јавни расправии, дури и на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот нов филм „The Mother“ во Лос Анџелес.
И додека сите се прашуваат што се случува меѓу нив и која е причината за ваквото однесување, странските медиуми пишуваат дека на Бен наводно му здосадиле барањата на Џенифер. Парот, кој се венча минатото лето, е во брак помалку од една година, но се чини дека работите меѓу нив не одат најдобро.
За тоа можеби најдобро сведочат фотографиите од премиерата во Лос Анџелес, каде имаа напната дискусија, при што Бен изгледаше луто и вознемирено, исто како Џенифер.
За се проговорил извор близок до нив, кој тврди дека на Бен му здосадиле барањата на неговата сопруга која се однесува како дива и сака се да биде совршено додека тие некое време го бараат својот семеен дом од соништата, пренесува The Sun.
Исто така, објавено е дека Бен наводно претпочита порелаксиран живот и сака да забави, додека Џенифер е повеќе фокусирана на работата.
– Ова несомнено ќе создаде тензија додека Џен се подготвува за снимањето на „Unstoppable“, која новата компанија на Бен Artists Equity ја финансира и продуцира, изјави извор кој сакаше да остане анонимен.
Џенифер и Бен се венчаа на интимна венчавка во Лас Вегас на 16 јули, но решија да го направат сето тоа повторно со познати пријатели неколку недели подоцна во домот на Бен во Џорџија, вреден 6,7 милиони фунти. Овој јули треба да ја прослават првата годишнина од бракот, а дали дотогаш ќе ги испеглаат несогласувањата и проблемите и конечно ќе најдат дом кој ќе им одговара, ќе се знае наскоро.