Откриена е причината зошто Бред Пит и Џорџ Клуни не зборуваат со години

Бред Пит и Џорџ Клуни не се во контакт со години, а неодамна заедно се појавија на филмскиот фестивал во Венеција. Странските медиуми пренесуваат дека девојката на Бред, Инес де Рамон е заслужна за измазнување на врската.

Нивното пријателство беше напнато додека Бред беше во брак со Анџелина Џоли. Изворите тврдат дека и пречела Амал Клуни.

Тие изјавија дека Анџелина долго време ја држела титулата „најгламурозна хуманитарка на светот“, со оглед на тоа што 21 година била специјален пратеник во ОН. Таа се повлече од оваа позиција во 2022 година.

Не ѝ се допаднало тоа што адвокатката Амал одеднаш се најде во фокусот на јавноста и што меѓу другото се занимава и со човекови права. Мислела дека ќе и ја одземат титулата хуманитарец. Анџелина и Бред не присуствуваа на нивната венчавка, која се одржа во 2014 година во Венеција.

Девојката на Бред, Инес де Рамон, го убедила да се смири со неговиот стар пријател. Со Клуни се појави на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и одлично се забавуваа.

“Инес е целосна спротивност на Анџелина. Таа одлично се сложува со сите негови пријатели. Има лесна природа”, рекол изворот.