Во денешно време, технологиите се многу развиени, а помладите генерации можат да дојдат до својата омилена игра со само неколку кликања. Некогаш беше поинаку, а тоа го знаат сите што го поминале детството со познатиот Sega Mega Drive. Ретко кој можеше да го купи, но затоа многу често се издаваше во видео клубови и на него се играа бројни игри од сите категории. По Sega, на ред дојде Нинтендо.
Сега една игра од тој период привлече големо внимание. Станува збор за познатиот „Лов на патки“ од 1984 година.
,,Како побогу функционираше играта со патки на Sega Mega Drive?
Ова прашање си го поставив неодамна и по некое време решив да престанам да размислувам и да Гугл (да, некои од нас се уште го прават) ова прашање. Имено, пиштолот со кој ги ,,пукаме” патките има светлосен сензор кој препознава дали сме го насочиле кон црн или бел пиксел. Кога ќе го притиснеме чкрапалото, една рамка од играта се претвора во црн екран, освен пикселите што ја претставуваат патката и неговата околина кои побелуваат. Сигналот и софтверот на играта пресметува поени и треба да покаже куче како се смее на нашиот неуспех, особено ако земеме предвид дека работи на скромен процесор и 64 килобајти RAM меморија“, напиша Бојан Лозо на Linkedin.
Оваа објава привлече големо внимание, а следеа и бројни коментари. Имаше и такви кои тврдеа дека оваа игра никогаш не била на познатата Sega, туку на Нинтендо. Сепак, имаше и такви кои тврдеа дека нема проблеми со играта.
Дали и вие бевте љубител на познатата игра која денес предизвикува дебата на Интернет речиси 20 години подоцна?