Јелена Карлеуша денеска го објави новиот студиски албум „Алфа“. Новиот албум излегува по единаесет години во однос на минатиот, кој се викаше „Дива“.
Овој проект се чекаше со големо исчекување и продукцискиот тим чуваше сè под превезот на тајноста.
Албумот има 10 нови песни. Објавени беа со интересни визуелни слики, а во текот на попладнето беше објавен и спотот за песната „Karlibitch“.
На албумот како текстописци соработуваа познатите урбани поп ѕвезди Газда Паја, Мими Мерцедес и MC Сајси. Сепак, она што најдобро се чуваше како тајна, а сега е откриено е дека Јелена Карлеуша снимила дует со Милица Павловиќ.
Песната се вика Машала. Музиката ја направијљ Јелена Карлеуша, Марко Перуничиќ, Небојша Арежина, Немања Антониќ, а текстот го напишаа: Јелена Карлеуша, Марко Перуничиќ, МС Сајси (Ивана Рашиќ).
Да потсетиме, на прославата на роденденот на Милица, новинарите ја прашаа Павловиќ дали го слушнала новиот албум.
– Јелена овојпат избра да биде многу таинствена, слушнав многу малку и онолку колку што ми дозволи. Не можев да се борам за повеќе. Но, она што ќе го слушнете на 13-ти август е апсолутно мозочно лудило. Многу сум горда што имаме една Јелена Карлеруша – изјави Милица на насобраните медиуми по тој повод.
Песната можете да ја слушнете во продолжение: