Откриена статуа на Тина Тарнер на местото каде што пораснала: Обожавателите тврдат дека личи на холандскиот фудбалер (фото)

Статуа на Тина Тарнер е откриена во нејзина чест во Тенеси, државата каде што пејачката пораснала, но реакциите на обожавателите се поделени.

Нејзина статуа висока еден метар беше подигната во Браунсвил, недалеку од средното училиште што го посетуваше пејачката, како дел од годишната церемонија по повод прославата на нејзиното наследство.

Оваа статуа ја прикажува Тина со микрофон во рака и со нејзината препознатлива фризура. Скулпторот Фред Аџанога, кој е и автор на статуата, истакна дека посветил посебно внимание на нејзината коса, опишувајќи ја како „лавовска грива“.

Откако беше откриена статуата, имаше голем број коментари од обожавателите на социјалните мрежи во кои се предлагаше статуата да се отстрани.

„Требаше да се сруши по откривањето. Тоа е многу лоша реплика на она што треба да биде легендарната Тина Тарнер“, „Ова е вистинско непочитување“, беа само некои од коментарите.

Покрај тоа, многумина истакнаа дека статуата им е премногу смешна, па ја споредија со холандскиот фудбалер Руд Гулит, пишува Unilad.

„Не можам да ја гледам без да се насмеам. Зошто ѝ го направија тоа на косата“, „Заслужува подобро“, „Ова не е Тина, ова е Руд“, напишаа обожавателите.