Зад брендот за луксузни чанти што Меган Маркл јавно го поддржува е приказна за тешките работни услови на жените во Руанда. Додека чантите се продаваат за стотици фунти, работниците заработуваат само 10 пени на час, што предизвика излив на критики против војвотката и брендот.
Кога Меган Маркл ја објави својата инвестиција во брендот за луксузни чанти популарен кај холивудската елита ова лето, таа рече дека „етичките стандарди“ на компанијата се „исклучително важни“. Сепак, истрагата на британскиот медиум „ Дејли мејл “ откри катастрофални услови за работа во овој бренд, што укажува на сериозна експлоатација на работната сила.
Дизајнерските чанти на брендот се продаваат за над 700 фунти, додека жените кои ги произведуваат во рурална Руанда заработуваат само 10 пени на час. Оваа бројка е далеку под границата на „екстремната сиромаштија“ дефинирана од Светската банка.
Поддршката на Меган ја зголеми продажбата
Јавниот настап на Меган Маркл во кој ја пофали „неверојатната“ компанија и нејзините чанти значително ја зголеми продажбата на брендот. Кога минатата година беше видена со една од нивните чанти додека вечераше со принцот Хари, тоа го предизвика најпрофитабилниот момент во историјата на компанијата, велат основачите.
По ова откритие, луѓето се длабоко разочарани од Меган!
Исто така, Меган веќе еднаш беше „демаскирана“ кога првпат дојде во кралското семејство, кога сфати дека нема да живее како ѕвезда туку ќе мора да си ги извршува обврските како да е на работа, само се повлече.
Високи цени, ниски плати
Иако жените кои ги изработуваат чантите изразуваат гордост за својот занает и благодарност за трудот, многу од нив бараат зголемување на платите. Нивната заработка е минимална во споредба со енормните цени на чантите на западните пазари.
Компанијата претходно тврдеше дека ги плаќа своите работнички 500-700 отсто повеќе од националниот просек во Руанда. Но, оваа изјава беше отстранета од официјалната веб-страница откако беше откриено несовпаѓање меѓу платите на работничките и цените на чантите. Адвокатите на брендот објаснија дека барањето е повлечено за „да се подобри комуникацијата“.
Жените кои работат во компанијата живеат во скромни услови, често во мали куќи со лимени покриви. Освен работа во фабриката, дополнителен приход обезбедуваат и со обработување на земјата и работа со членовите на семејството. И покрај тешките услови, многу работнички се надеваат дека нивните плати ќе се зголемат доколку брендот продолжи да се шири.
Критика поради експлоатација
Брендот и Меган Маркл се соочуваат со зголемени критики. Фотографиите на работничките се користат во рекламите за луксузни чанти, но работничките често не се свесни дека Меган има некаква улога во компанијата. Критичарите тврдат дека овој тип на промоција е „неетички“ и претставува форма на „прикриена експлоатација“.
Оваа приказна покренува важно прашање – колку брендовите кои се рекламираат себеси како „етички“ се навистина посветени на благосостојбата на своите работници? Одобрувањето на Меган за бренд кој очигледно не одговара на зборовите со постапките дополнително го комплицира нејзиниот имиџ во јавноста.