Унгарскиот премиер Виктор Орбан зборуваше пред неговото пристигнување во Москва и ја откри целта на средбата со рускиот лидер Владимир Путин.
Унгарското претседателство со ЕУ не ѝ дава мандат за преговори за Украина, но може да ги охрабри сите страни да одат по патот што ќе заврши со преговори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан .
– Уште еднаш ќе појаснам дека унгарското претседателство не дава мандат за преговори во име на ЕУ, но можеме да дознаеме која страна е подготвена да оди. Откако ќе го дознаеме тоа, лидерите на ЕУ можат заедно да носат одлуки, а по одлуките ќе може да се преговара. За жал, се уште сме далеку од тоа – изјави Орбан.
Според него, Унгарија „нема доволно тежина“, но може да стане „инструмент во рацете на луѓето кои сакаат мир“ и да ги поттикне двете страни на „долг пат, на крајот од кој може да има прекин на огнот и мировни преговори“.
Унгарските медиуми во четвртокот објавија дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Шијрото во петок ќе ја посетат Москва. Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин во петок има напорен распоред.
Во вторникот унгарскиот премиер по 12 години го посети Киев.
На 1 јули Унгарија го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ.