Откриени деталите од свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез: Ќе присуствуваат само 200 гости

Градското собрание на Венеција ги осуди лажните извештаи за претстојната венчавка на американскиот милијардер Џеф Безос со Лорен Санчез. Тврдат дека прославата ќе биде од разумни размери и ќе присуствуваат само 200 гости.

Основачот на Amazon и неговата свршеница, новинарката Лорен Санчез, треба да се венчаат во Венеција на крајот на јуни оваа година. Еден од италијанските медиуми неодамна официјализираше дека свадбата на Безос ќе трае три дена и дека на прославата ќе присуствуваат по 250 гости секој ден, меѓу кои и Доналд Трамп.

Наведено е и дека Безос веќе резервирал пет хотели и голем број водени такси, како и лежај за својата мегајахта. Сепак, градското собрание на Венеција издаде соопштение во кое ги осуди „лажните вести“ и ги демантираше информациите дека Безос планира да приватизира делови од градот.

„Бројните гласини и лажни вести кои кружат за свадбата на Џеф Безос се целосно неосновани. Беа поканети само 200 гости, што ѝ олеснува на Венеција да биде домаќин на ваков настан без да го наруши градот, неговите жители и другите посетители“, велат тие.

Од општината истакнаа дека во Венеција редовно се одржуваат многу позначајни меѓународни настани од оваа. Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро ја поддржа одлуката Безос и Санчез да се венчаат во овој град, нагласувајќи дека економските придобивки од венчавката може да се избројат во милиони долари.