Шокантна вест пристигна од Белгија каде во рамките на истрагата за шверцот на кокаин од Јужна Америка во Европа, беше уапсен познатиот фудбалер Раџа Наинголан (36).
Апсењето на поранешниот белгиски интернационалец е дел од пошироката истрага за организиран криминал фокусирана на дистрибуција на кокаин во земјата.
Обвинителот посочи дека нема да има детали или коментари за истрагата која е во тек.
Контроверзниот фудбалер за деловен партнер го има Ибрахим Ахмадун, кој претходно бил поврзан со увоз на кокаин, а бил осуден во САД во 2016 година.
Денеска беше откриено дека кај Радја е пронајдено се, а списокот е долг.
Заедно со наркотици (2,7 кг кокаин) и оружје, во текот на истрагата се пронајдени 370.430 евра во готовина, луксузен накит и часовници, од кои два се проценети на по 360.000 евра. Запленети се и 100 златници со вкупна вредност од 116.522 евра, 14 возила, извести обвинителството.
Адвокатот на Наинголан рече дека неговиот клиент ги негира сите обвиненија.
Што се однесува до неговата фудбалска кариера, тој најголем дел од кариерата ја помина играјќи во Италија, а со Интер беше шампион во сезоната 2020/21.
Тој неодамна се засили за Локерен и постигна гол на своето деби за бод против Лерс. Тој натпревар се одигра само три дена пред да биде уапсен фудбалерот.
Како репрезентативец на Белгија, Раѓа одигра 30 натпревари и постигна шест гола. Настапуваше и на Европското првенство во 2016 година, каде постигна два гола.