На каналот (профил) CPC-OGPU на социјалната мрежа Телеграм, наводен извор открил детали за последната позната средба помеѓу Евгениј Пригожин и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Состанокот, наводно, се одржал неколку дена по неуспешниот бунт на Вагнер. Според информациите, приватен авион на компанијата MNT Aero во Белорусија го презел веќе поранешниот лидер Вагнер, кој прво слетал во Санкт Петербург, а пет дена подоцна, на 29. јуни, Евгениј Пригожин пристигнал во Москва.
Пред средбата со Владимир Путин, Евгениј Пригожин летал сам и бил одлично расположен: слушал музика и се шегувал со екипажот. За разлика од Евгениј Пригожин, останатите команданти на Вагнер на средбата со Владимир Путин отишле со редовни летови и автомобили.
По пречекот сите заедно се вратиле во Санкт Петербург со истиот авион во кој загина Евгениј Пригожин. Како што забележале членовите на екипажот, по средбата со Владимир Путин, лидерот на платениците бил полн со бес. Тој беснеел, укорувајќи ги сите свои следбеници. Цел час на летот тој не престанал да зборува и викал со повишен глас, објавува од CPC-OGPU.
Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во средата, но датумот на погребот сè уште не е одреден. Телото се уште не е предадено на семејството, па рускиот обичај да се закопа телото три дена по смртта сигурно нема да се почитува.
Се поставува и прашањето каде ќе биде погребан лидерот на Вагнер.
Со оглед на титулата „Херој на Русија“, Евгениј Пригожин има право на место во главната воена некропола на земјата – „Пантеонот на бранителите на татковината“ во Митишчи во регионот на Москва кој беше отворен во 2013 година.
За потсетување, Евгениј Пригожин загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа во областа Твер во Русија, а околностите се уште не се познати, додека многумина експерти тврдат дека позади ова стои лично Владимир Путин.