Американската крајбрежна стража денеска соопшти дека нејзиниот брод, за време на рутинска патрола во Беринговото Море, наишол на неколку кинески воени бродови во меѓународните води, но во ексклузивната економска зона на САД.
Екипажот, наводно, забележал три брода на околу 200 километри северно од преминот Амчитка на Алеутските острови, а кратко време подоцна, екипажот на хеликоптер од воздухопловната станица Кодијак на крајбрежната стража забележал четврти брод на околу 135 километри северно од преминот Амукта.
„Сите четири брода на Народна Република Кина пловеа во меѓународни води, но во рамките на ексклузивната економска зона на Соединетите држави, која се протега на 200 наутички милји (370 километри) од брегот на САД“, се вели во соопштението. јавува АП.
Командантот на 17-тиот округ на крајбрежната стража Меган Дин рече дека кинеското присуство дејствувало во согласност со меѓународните правила и норми, но дека американските бродови се приближиле за да обезбедат „нема нарушување на интересите на САД во поморската средина околу Алјаска“.
Ова не е првпат кинески бродови да пловат во близина на водите на Алјаска, откако крстосувач со наведувана ракета од Кина беше забележан во Беринговото Море во септември 2022 година, додека кинески бродови беа забележани на околу 80 километри од Алеутските острови една година порано.