Сопственик на хеликоптерот кој во петокот ненадејно слета на поле во Карловац е познатиот украински милионер Игор Мазепа!
Жителите на околните села во петокот на терен забележале хеликоптер со украински ознаки, по што веднаш ги алармирале безбедносните служби кои превентивно го опколиле хеликоптерот. Никому не му беше јасно што се случува бидејќи екипажот не беше тука.
Почесниот конзул на Украина во Хрватска, Ивица Пириќ, пријател на украинскиот милионер, за хрватските медиуми вели дека по инцидентот разговарал со Мазепа.
Украинецот наводно му рекол дека имало грешка во протоколот и дека му е жал поради тоа. Мазапа додаде дека ќе направи сè за во иднина да не се повторуваат такви работи и сите летови да се вршат според сите правила.
Украинскиот милионер е голем обожавател на Хрватска, често престојува таму, а сега всушност со хеликоптер дошол да лови диви свињи. Сепак, летот ќе го чини доста бидејќи ќе мора да плати голема казна за неправилноста, но тоа не би требало да биде преголем проблем за богатиот инвестициски банкар.
Мазепа е и голем љубител на адреналинските активности, што може да се заклучи од фотографиите кои ги објавува на својот Инстаграм профил. Може да се види како пилотира хеликоптер, лови, скија, вози мотор, јава коњ…
Toј исто така сака да го носи својот син на авантури. Игор Мазепа ја основа компанијата во 2004 година, која до денес ја задржа својата позиција како една од трите најдобри инвестициски банки во Украина.