Маж (50), по потекло од Саудиска Арабија, синоќа беше уапсен под сомнение дека го предизвикал терористичкиот напад во германскиот град Магдебург, во кој, според досегашните официјални информации, уби две лица, а повреди повеќе од 60.
Како што пренесуваат локалните медиуми, а како што изјавил Рајнер Хазелоф, премиерот на сојузната покраина Саксонија-Анхалт, тој дејствувал сам и не бил дел од заговорот. Тој откри дека во Германија е од 2006 година, и дека работел како лекар, специјалист по психотерапија.
Според официјални лица, човекот бил сам насилник и не им бил познат на властите како исламист. Државната министерка за внатрешни работи Тамара Чисанг изјави дека има дозвола за постојан престој.
На социјалните мрежи се шпекулира дека напаѓачот е активист и дека водел веб-страница за баратели на азил каде ги советувал своите сонародници да не бараат азил во Германија.
Според информациите на полициските службеници, напаѓачот го возел својот автомобил „најмалку 400 метри“ низ божиќниот пазар, каде налетал на група луѓе, предизвикувајќи хаос и паника меѓу присутните.
ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА
Магдебург, град западно од Берлин, е главен град на Саксонија-Анхалт и има население од околу 240.000 жители.