Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ѝ подарил на својата свршеница ѓердан вреден помеѓу три и пет милиони долари пред нивната свадбена прослава во Венеција.
Извор за „Пејџ Сикс“ изјавил дека станува збор за дијамантски ѓердан со скапоцен камен. Тој ѝ дал и обетки. Таа ќе го носи накитот овој викенд за време на забавата.
„Нема да можете да го пропуштите овој елегантен дијамантски ѓердан бидејќи е голем речиси колку суперјахтата на Џеф. Лорен е воодушевена од нејзиниот нов блескав ѓердан и обетки кои ја подигнуваат нејзината веќе импресивна колекција накит на следно ниво“, додаде тој.
Американските медиуми објавија дека двојката веќе се венчала во САД пред раскошната церемонија што ќе се одржи денес на островот Сан Џорџо Маџоре.
Тие потпишаа и предбрачен договор вреден неколку милиони долари. Како што е познато, на прославата ќе присуствуваат многу познати имиња, меѓу кои Ким Кардашијан, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри, Ева Лонгорија, Орландо Блум и други.