Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изненадувачки се пресели од ПСЖ во Манчестер Сити на крајот од преодниот рок, а сега пристигна и објаснување.
Тренерот Луис Енрике објасни дека тоа била исклучиво негова одлука, бидејќи сакал различен тип на голман.
„Донарума повеќе не е дел од тимот и тоа е моја одлука. Џиџио е еден од најдобрите голмани во светот, но јас сакам поинаков тип на голман“, рече Шпанецот.
Донарума наводно побарал и повисока плата, која париските челници не можеле да ја одобрат.
Потоа ПСЖ го доведе Лукас Шевалие како замена, кого го доведоа од Лил за 40 милиони евра.
Донарума потпиша петгодишен договор со „Граѓаните“, а Сити му плати на ПСЖ 30 милиони евра. Италијанскиот голман претходно играше за Милан.