На една од снимките од атентатот на поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на новите претседателски избори, се слуша како Доналд Трамп постојано вели дека сака да ги земе чевлите пред агентите да го извлечат од предизборниот митинг во Пенсилванија каде се случи пукањето.
Во интервју за Њујорк Пост, Трамп објасни дека по пукањето агентите скокнале толку силно за да го фатат што му паднале чевлите, пренесува Би-би-си.
Да потсетиме дека Трамп беше среде говор кога одекнаа неколку истрели. На видеото се гледа како Трамп го фаќа за уво и се наведнува додека агенти на Тајната служба го опкружуваат. Долу, долу, долу“, рече еден од нив. Потоа одекна уште еден истрел.
Дел од транскриптот објави Си-Ен-Ен, а во него се слуша како Трамп си ги бара чевлите по нападот додека обезбедувањето се обидува да го однесе на безбедно.
18:12:16-21: Агенти: „Атентаторот е долу, атентаторот е долу, можеме ли да одиме?
18:12:21: Машки агент: „Атентаторот е долу. Ние сме подготвени да одиме“.
18:12:22: Агентот: „Дали сме јасни?
18:12:23: Агенти: „Јасно е, јасно е, јасно е“.
18:12:23: Машки агент: „Ајде да одиме, да одиме“.
Агентите почнуваат да стануваат, земајќи го Трамп.
18:12:33: Трамп: „Почекајте да ги земам чевлите, почекајте да ги земам чевлите“.
18:12:35: Машки агент 2: „Ве разбрав господине, ве разбрав господине“.
18:12:36: Трамп: „Дај да се облечам“.
18:12:37: Друг машки агент: „Застанете, главата ви е крвава“.
18:12:39: Машки агент 2: „Господине, мора да одиме до колата, господине“.
18:12:43: Агент: „Во ред [нечујно]“.
18:12:47: Трамп: „Чекај, чекај, чекај“, а потоа ја пружа тупаницата кон публиката. Тој три пати изговара „Борете се“, а публиката го поздрави со овации.
18:12:54: Агент: „Мораме да одиме, мораме да одиме“.
Во неговото подоцнежно интервју, Трамп го пофали персоналот на Тајната служба за нивните постапки, како и фактот дека пукале и го убиле напаѓачот.