апонките се познати низ целиот свет по својата витка фигура и младешки изглед, а зад таа тајна се крие длабоко вкоренета филозофија на животот – помалку храна, зелен чај и физичка активност.
Нивниот успех не е во скапите третмани или ригорозните диети , туку во едноставните, секојдневни навики што секој од нас може да ги усвои.
Откријте ги клучните принципи што ја сочинуваат нивната тајна за долговечност и младост .
Исхрана: Клучот е во квалитетот, а не во квантитетот
Јапонската кујна не е само вкусна, туку и исклучително здрава. Нивното мени е полно со состојки кои се богати со витамини и минерали, а имаат малку калории.
Јапонските жени се водат од принципот „хара хачи бун ми“, што значи дека јадат додека не се почувствуваат 80 проценти сити, а не 100 проценти. Ова им помага да внесуваат помалку калории и да избегнуваат прејадување, давајќи му на мозокот доволно време да регистрира ситост.
Оброците се сервираат во мали чинии, со неколку различни јадења на масата (риба, супа, ориз, зеленчук). Со ова се постигнуваат различни вкусови, а телото ги прима сите потребни хранливи материи.
Производи како што се мисо паста, ната и кисели краставички се неопходни во нивната исхрана. Оваа храна е одлична за варење, го зајакнува имунитетот и помага во одржувањето на здрава телесна тежина.
Наместо шеќерни пијалоци, Јапонките пијат зелен чај (мача), кој е полн со антиоксиданси. Тој го забрзува метаболизмот, ги согорува мастите и ги штити клетките од стареење.
Активност и релаксација
Јапонките не одат во теретана за да бидат здрави, туку живеат здраво. Физичката активност е составен дел од нивниот ден, без разлика дали станува збор за одење, возење велосипед или извршување секојдневни обврски.
Тие често практикуваат боречки вештини или јога, кои ги зајакнуваат и телото и умот.
Ритуалот на капење во топла вода, познат како офуро, има посебна улога во нивниот живот. Топлата бања ги опушта мускулите, ја подобрува циркулацијата и го намалува стресот, што е клучно за младешки изглед и целокупно здравје.
Почит кон храната и телото
И конечно, суштината лежи во филозофијата. Јапонските жени имаат длабоко почитување кон храната и ја гледаат не само како гориво, туку како нешто што ги храни и телото и душата.
Секој оброк е ритуал, храната е убаво сервирана и консумирана бавно и свесно. Токму оваа свест помага да се ужива во вкусот, а не да се прејадува.
Нивната тајна не е во строгите диети или напорниот тренинг, туку во рамнотежата, свесниот пристап кон исхраната и интегрирањето на здрави навики во секојдневниот живот.
Иако може да биде тешко целосно да се копира нивниот животен стил, усвојувањето на овие принципи може да донесе значајни промени и кај вас.