Француските обвинители подигнаа обвинение против двајца мажи за кривични дела откако беа уапсени во Париз со швајцарски накит во вредност од 10 милиони евра скриен во долната облека .
Тие признале дека украле накит од лице во Швајцарија, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител, пренесува порталот „Свисинфо“.
Иако првично беше објавено дека еден од осомничените е дете, обвинителството изјави дека двајцата осомничени се над 18 години. Тие беа обвинети во среда за групен грабеж и беа притворени, соопштија извори блиски до истрагата, објави „Свисифо“, потврдувајќи го извештајот на весникот „Паризиен“.
Двајца мажи од туниска националност признале дека украле накит од куќа во Швајцарија, рекол изворот, додавајќи дека украле часовник „Ролекс“, ѓердан, обетки и прстени со скапоцени камења.
Според „Паризиен“, кражбата се случила во Женева.
Јавниот обвинител процени дека вредноста на пленот е 10 милиони евра.
Двајцата мажи биле запрени за време на рутинска проверка додека излегувале од брз воз на париската станица Гар д’Лион.
Полицијата открила накит скриен во долната облека на еден од осомничените, завиткан во чорап, според извор близок до случајот.