По разводот, американската актерка Џесика Алба беше снимена како се качува на лет од Канкун, Мексико до Лос Анџелес со „мистериозен“ маж, а американските медиуми сега го открија неговиот идентитет.
Според TMZ, станува збор за актерот Дени Рамирез, познат по филмот „Капетан Америка: Храбар нов свет“. Тој глумеше и во филмот „Топ Ган: Маверик“ и серијата „Последниот од нас“.
Гласините дека двајцата се забавуваат почнаа да се шират во мај оваа година, кога беа фотографирани како шетаат низ Лондон. Сепак, дури сега е откриено кој е тој.
Овој февруари, Алба откри дека се разведува од Кеш Ворен по 17 години брак.
„Секогаш ќе бидеме семејство. Нашите деца се наш приоритет“, напиша таа. Тие ги имаат ќерките Онор и Хејвен и синот Хејс. Актерката претходно отворено зборуваше за проблемите во нивниот брак, признавајќи дека живееле како да се цимери, а не брачна двојка.
По разводот, тие останаа во добри односи. Тие побараа заедничко старателство над децата.