Откриено колку чинело последното збогување на Елизабета Втора

Објавен е резултатот од деталната анализа за тоа колку ги чини даночните обврзници погребот на кралицата Елизабета. Сметките се поднесени од министерствата вклучени во организирањето на нејзиното последно испраќање, а сумата на сите трошоци е 162 милиони фунти. Најрасипничко, очекувано, беше МВР, бидејќи раскошниот државен погреб со кој Британците се простија од саканиот владетел, го обезбедија над 10.000 полицајци во најголемата и најсложена операција досега, пишува The Guardian.

Покрај тоа, на 19 септември минатата година, на погребот на кралицата во Вестминстерската опатија присуствуваа над 300 државници и членови на други кралски семејства, а за нивната безбедност се погрижи и Метрополитенската полиција.

Анализата на трошоците покажува дека после полицијата, најмногу потрошило Министерството за култура, медиуми и спорт: 57 милиони фунти. Во споредба со нив, Министерството за одбрана беше прилично штедливо: почесните единици, артилериските водови, односно целосниот придонес на сите гранки на војската, ги чинеше даночните обврзници 2,9 милиони фунти, пишува Телеграф. Бидејќи над милион сонародници и оддадоа почит на покојната кралица во центарот на Лондон (што можеше да предизвика шок за транспортната инфраструктура), обезбедувањето на нивното непречено пристигнување и заминување чинеше 2,6 милиони фунти.

Треба да се додаде дека Владата на Велс како дел од организацијата на настанот потрошила 2,2 милиони фунти, Форин Офисот на Комонвелтот потрошил 2,1 милиони фунти, додека сумата со која Северна Ирска учествува во плаќањето на трошоците е 2,1 милиони фунти. Шкотската влада потроши 18,8 милиони фунти за време на почитта на кралицата во Единбург.