Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, кому му се верува многу, објави кој ќе ја добие Златната топка за најдобар фудбалер во 2023 година.
Доделувањето на наградата е закажано за 30. октомври во Париз, а според Фабрицио Романо, наградата дома ќе го однесе Лионел Меси.
Моментално оваа престижна награда е во рацете на Карим Бензема и не би било изненадување доколку Лионел Меси повторно ја освои.
Тоа би било рекордна осма Златна топка за Аргентинецот. Тоа би било првпат во историјата Златната топка да ја освои некој што е член на неевропски клуб, бидејќи Лионел Меси игра за Интер Мајами.
Јасно е дека Лионел Меси е фаворит за Златната топка пред се затоа што ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар.