Почнаа да се појавуваат бројни теории за тоа што би можело да биде
Мистериозен електричен цилиндар пронајден на плажа во Западна Австралија најверојатно е од индиска ракета, соопшти Австралиската вселенска агенција.
Цилиндерот, висок околу 2,5 метри и делумно изработен од златно обоен материјал, беше забележан на почетокот на јули во близина на Грин Хед, 250 километри северно од Перт.
Почнаа да се појавуваат бројни теории за тоа што би можело да биде.
Вселенската агенција навела дека по истрагата било заклучено дека најверојатно станува збор за дел од поларниот сателитски уред управуван од Индиската организација за вселенски истражувања.
Организацијата беше активна во последните неколку месеци, а последното лансирање беше успешно спроведено во неделата.
Премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук, изјави дека предметот пронајден на плажата би можел да го најде своето место во локалниот музеј, покрај остатоците од „Скајлаб“.
„Скајлаб“ беше првата американска вселенска станица лансирана од НАСА, а повторно падна на Земјата во 1979 година, по пет години орбитација, токму на територијата на Западна Австралија.