Нов археолошки локалитет кој датира од 11 век е откриен на територијата на градот Нови Сад во текот на септември.
Трагите што археолозите ги пронајдоа во новосадската населба Клиса припаѓаат на бјелобрдската култура, а ова е првпат да бидат откриени на територијата на нашата земја.
Новина што ја открија археолозите при ископувањето е тоа што населението чии остатоци беа пронајдени е христијанизирано.
Предвидено е и во текот на следната година да се направат археолошки истражувања, а експонатите кои се веќе таму и ќе бидат пронајдени ќе бидат изложени во Музејот на Војводина.