Уапсениот маж кој отвори оган на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, е државјанин (43) на Таџикистан, соопшти премиерот на земјата, Дорин Речеан.
Двајца полицајци загинаа на аеродромот, додека еден цивил е ранет, напиша премиерот на Молдавија на Фејсбук.
Напаѓачот отворил оган на терминалот, но подоцна бил ранет и уапсен во полициска акција. Моментално е во болница.
Како што пренесуваат светските агенции, напаѓачот пристигнал од Турција со авион, а потоа му бил одбиен влез во земјата. Додека бил придружуван од гранични службеници, тој наеднаш им грабнал пиштол и пукал.
Само што се случило, полицијата брзо реагирала и го совладала напаѓачот при што го повредила. После тоа, сите летови беа откажани, но се очекува да продолжат летовите во текот на денот.