Нивните семејства чекаа речиси два месеци за повторно да ги прегрнат
Откриен е идентитетот на 13-те израелски заложници кои Хамас ги ослободи денеска. Тие се префрлени од Појасот Газа на територијата на Израел и во тек е нивното префрлање во болници каде ги чекаат нивните семејства.
Според „Тајмс оф Израел“, меѓу ослободените е и Хана Кацир (77), која претходно беше пријавена за мртва .
Ги ослободија и Маргалит Мозес (77), Јафа Адер (85), Хана Пери (79), Адина Моше (72), Даниел Алони (44) и Емилија Алони (9).
Ослободени се и Рути Мондер (78), Керен Мондер (54), Охад Мондер (9), како и двегодишниот Авив Ашер, четиригодишната Раз Ашер и нивната мајка Дорон (34).