Откриен нов вид на Корона вирус! Дали на светот му се заканува нова пандемија?

Откриен е нов коронавирус, за кој се стравува дека може да се пренесе на луѓе. Новиот вирус го открил научник поврзан со Кина.

Истражувачите од Бразил и колегите од Универзитетот во Хонг Конг го открија новиот вид откако земаа брисеви од устата и ректумот на лилјаците. Овој нов вид е тесно поврзан со МЕРС – болест која убива околу 35 проценти од заразените луѓе.

Научниците предупредуваат дека составот на протеинот на вирусот, кој го користи за да влезе во клетките домаќини, сугерира дека може да ги инфицира човечките клетки.

Вирусот сега се транспортира во Кина, заедно со уште шест вируси откриени за време на експедицијата.

Ќе се спроведат тестови за да се утврди дали овие вируси можат да заразат човечки клетки, и покрај загриженоста дека слични експерименти се поврзани со пандемијата на Ковид.

„Во моментов не сме сигурни дали овој вирус може да зарази луѓе. Сепак, откривме делови од протеинот на вирусот (кој се врзува за клетките на цицачите), што укажува на потенцијална интеракција со рецепторот што го користи MERS-CoV“, рече водечкиот истражувач д-р Бруно Силверио од Универзитетот во Сао Паоло.

„За да дознаеме повеќе, планираме да спроведеме експерименти во Хонг Конг подоцна оваа година”, рече Силверио.

МЕРС е заразна респираторна болест која се пренесува од животни на луѓе, но и од човек на човек. Предизвикува треска, кашлица, отежнато дишење, дијареа и повраќање, а во тешки случаи може да биде и фатална.