Открила дека нејзиниот сопруг спие со нејзината најдобра пријателка! Вака реагираше и ги шокираше сите

Една жена на TikTok откри дека таа и нејзиниот сопруг практикуваат „отворена врска“, која им овозможува да бидат интимни со други луѓе, вклучувајќи ја и нејзината најдобра пријателка.

За повеќето жени, сознанието дека нивниот партнер има интимна врска со нивната најдобра пријателка би било шок, но не и за корисникот на TikTok „VV“.

Таа и нејзиниот сопруг веќе некое време практикуваат „отворена врска“ и тоа им одговара . Како што истакна таа, иако излегуваат со други луѓе, не изгубиле интерес еден за друг.

Нејзината најдобра пријателка спиела со сопругот 

Таа откри дека имаат одредени правила кои го штитат нивниот брак . Основното правило е искреноста, а едно од клучните е никогаш да не ги внесуваат љубовниците во брачниот кревет. Исто така, секоја интимна средба надвор од бракот мора да се договори однапред и да се изврши на друго место.

@cyber_vv

♬ original sound – braydin

Иако за многумина ваквите врски се незамисливи, таа не се срами да ги сподели деталите од својот живот, па ја изненади јавноста откривајќи дека не и пречи што нејзиниот сопруг имал врска со нејзината најдобра пријателка.

Реакциите на нејзините објави беа главно негативни, но на ВВ не влијаеја критиките. Како што кажа и самата, не се натпреварува со други жени, туку со себе, а љубомората и посесивноста ги смета за токсични чувства кои се обидува да ги надмине.