Лидерот на руската опозиција Михаил Ходорковски смета дека претседателот на Русијa, Владимир Путин, ќе се обиде да го дестабилизира Балканот. Според него, тој сака преку операции нанБалканот, да им го отежне животот на Европејците.
-„Путин поддржува радикали од секаков вид. Неговата цел е дестабилизација за да може да се позиционира како некој што управува со нестабилна ситуација. Ако војната продолжи, тој ќе се обиде да го дестабилизира Балканот за да им го загорчи животот на Европејците“, рече Ходорковски.
На прашањето дали тоа би го направил преку Србија, тој одговори: „Секако“.
“За среќа, Русите се идиоти. Тие го пробаа тоа во Црна Гора и го изгубија влијанието во таа земја. Но, не можете да сметате дека секогаш ќе бидат идиоти. По санкциите, влијанието на Русија стана помало, на пример, во Германија. Но, десницата – Партиите на крилата се природни партнери на Путин.
Тој посочи и дека Русија има огромно влијание и во Австрија.
„Со оглед на бројот на професионални убијци, на Путин му е многу полесно да убие некого во Австрија отколку во која било друга европска земја“, објасни тој.
Токму затоа, нагласува тој, бугарскиот новинар Христо Грозев неодамна ја напушти Виена поради безбедносни причини.