Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на град Скопје дека она што денеска беше предупредено е ставено во функција и се однесува на можноста граѓаните на град Скопје кои фотографирале во редовна постапка во „Пролет“ и „МТВ „На пунктови контрола да се провери статусот на нивниот пасош, односно дали е во фаза на изработка или е изработен и може да се добие.
Со оваа функција значително ќе се придонесе за намалување на гужвите што се создадоа бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат неколку часа само за да дознаат дали им е изготвен пасошот.
Исто така, се прави подобрување на овој систем за да се овозможи ваква проверка да биде достапна за останатите точки, како и за статусот на личните карти
Проверката може да се направи на следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/document_status