Отстранета плочата со напис „Голема Албанија“ – Музејот е изграден на диво на државно земјиште!

Мермерна плоча со натпис и карта на „Голема Албанија“ е отстранета од музејот што беше отворен минатиот викенд во селото Сопот кај Куманово, објави телевизија Сител.

Плочата беше отстранета по реакциите на јавноста дека може да предизвика меѓуетнички тензии. Плочата беше отстранета вчера, а музејот беше затворен бидејќи е дивоградба.

Се вели дека ова е музеј, каде лидерот на ДУИ, Али Ахмети викендов ја засили својата националистичка реторика, прикажувајќи ги неговите и фотографиите на борците на УЧК.

Не се знае, велат, кој одлучил да го гради овој музеј, бидејќи во градежната документација не се споменува име.

Општина Куманово најави кривична пријава против градежникот а не се исклучува можноста да се урне.

Инаку, во говорот на Ахмети на отворањето беше кажано дека идејата била да се промовира – Албанија без граници, но дека подоцна политиката се променила, па се одлучило Албанците да бидат ,,господари” во оваа земја.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека објектот е диво изграден на државно земјоделско земјиште.