Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, наскоро ќе допатува во официјална посета на Русија, соопшти официјален Кремљ.
„На покана на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседавачот за државни прашања на Демократска Народна Република Кореја, Ким Џонг Ун, во наредните денови ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација“, се вели во соопштението од прес-службата на Кремљ, пренесуваат странските медиуми.
Севернокорејскиот лидер претходно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во април 2019 година во Владивосток и тоа беше негова прва посета на Русија.
Да потсетиме, денес јужнокорејската телевизија ITN, повикувајќи се на неименуван висок владин извор, објави дека – „се чини дека Ким Џонг Ун отпатувал во Русија за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин“.