ОФИЦИЈАЛНА ВАРШАВА СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ПРОТИВ ОЛАФ ШОЛЦ – Тврдат дека Германија се меша во внатрешните работи на Полска !?

Збигњев Рау, полскиот министер за надворешни работи, денес ја обвини Германија дека се обидува да се меша во внатрешните работи на Варшава, откако канцеларот Олаф Шолц изјави дека мора да се расчистат наводите дека полските конзулати во Африка и Азија продавале привремени работни визи на мигрантите.

Полската владејачка партија Право и правда се соочува со прашања во врска со наводната шема за продажба на визи пред парламентарните избори на 15. октомври, на кои таа бара трет мандат на власт.

Олаф Шолц, чија Влада е под притисок да го намали бројот на мигранти кои доаѓаат во Германија, во саботата ја повика соседна Полска да ја разјасни ситуацијата.

Првиот човек на полската дипломатија на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека изјавата на Олаф Шолц ги крши принципите на суверена еднаквост на државите.

Збигњев Рау

Збигњев Рау изјави дека го повикал Олаф Шолц да го почитува суверенитетот на Полска и да се воздржува од изјави кои би можеле да ги влошат меѓусебните односи.

ГерманијаЗбигњев РауОлаф ШолцполитикаПолска