Специјалниот пратеник на Канада за Европската Унија и Европа, Стефан Дион, од 6 до 8 февруари ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Во фокусот на посетата, како што информираат од Конзулатот на Канада во Скопје, е реафирмирање и продлабочување на билатералната соработка и односи меѓу Канада и Северна Македонија.
Во рамки на посетата, специјалниот пратеник Дион ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, како и со претставници на граѓанските, културните и бизнис заедниците во Северна Македонија.
Стефан Дион е поранешен министер за надворешни работи на Канада (ноември 2015 – јануари 2017), потоа е назначен за специјален пратеник на премиерот во ЕУ и Европа, амбасадор на Канада во Германија (2017-2022) како и актуелен амбасадор на Канада во Франција и Монако.
Специјалниот пратеник Дион го претставува канадското лидерство пред светот за клучните глобални интереси, вклучително и промоција на универзални човекови права, демократија, напори за мир и стабилност, одржлива трговија, глобалниот климатски предизвик и посветеноста на Канада за различност.Канадски конзулат во Скопје.