Ова се последните и најновите информации што ги објавија соседните медиуми за состојбата на ранетите од масакарот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Во масовна престрелка во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, малолетното момче (13 г.) со огнено оружје уби девет лица односно неговите соученици и чуварот на училиштето, а рани уште седуммина. Шест ученици и ученички со прострелни рани се во Ургентниот центар на град Белград.
Според последните информации, од тројцата повредени ученици кои се лекуваат на Детската клиника, две момчиња со прострелни рани во нозете се добро и наскоро ќе бидат пуштени дома. Девојчето кое било примено во болницата со повреди на главата се уште е во животна опасност. Д-р. Милика Ашанин открила дека состојбата на двајцата ученици и наставничката, кои по повредите се лекуваа во Клиничкиот центар на Србија, е многу подобра и дека се комуникативни.
Д-р. Милика Ашанин била претпазлива и за состојбата на момчето кое било примено со најтешки повреди, но кое по операцијата е во подобра состојба, но сепак не може да се каже дека е надвор од животна опасност.