Компанијата „Оушн Гејт“ ја потврди смртта на петте патници на исчезнатата подморница „Титан“, чии делови денеска беа откриени на дното на океанот.
– Жалиме за загубата на животите. Нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеол за жал ги загубија животите. Тие беа вистински истражувачи кои имаа авантуристички дух и длабока страст за истражување и заштита на светските океани. Нашите срца се со овие пет души и секој член на нивните семејства во ова трагично време – се вели во соопштението на компанијата која е сопственик на подморницата.
Американската крајбрежна стража исто така објави дека се случила трагедија и дека екипажот загинал.
– Остатоците откриени во близина на потонатиот брод на „Титаник“ припаѓаат на исчезнатата подморница. Сите патници загинаа – беше официјално објавено.
Досега се пронајдени вкупно пет делови од подморницата.
Адмиралот Џон Маугер вели дека не може да потврди дали американската крајбрежна стража ќе успее да ги пронајде телата на петте патници на подморницата Титан.
– Тоа е неверојатно непростлива средина таму долу – додава Маугер.
Остатоците од подморницата се откриени на 500 метри од потонатиот брод „Титаник“ што сакале да го видат. Опремата за слетување и задниот отвор на исчезнатата подморница беа откриени денеска од роботска подморница со далечинско управување. Тоа би значело дека подморницата доживеала пукнатина и експлодирала под притисок под вода, убивајќи пет мажи нседнаш.
Си-Ен-Ен јавува дека два дела од подморницата биле пронајдени на 3.800 метри под вода, на околу 500 метри од лакот на познатиот брод. Официјалните лица сè уште не кажале дали подморницата стигнала до Титаник или дали загинале пред да ги видат остатоците.
Труповите сè уште не е пронајден, но откриени се два многу важни делови од целиот систем кои немаше да бидат пронајдени доколку поморницата не беше распарчена.
– Полето со остатоците подразбира дека подморницата се распаднала. Знаеме дека ја изгубиле комуникацијата на околу 3.300 метри длабочина… Така што тоа навистина укажува на најлошото сценарио, а тоа е катастрофален неуспех или имплозија. Единствената спасоносна благодат е што смртта настапила во милисекунди, а патниците не знаеле што се случува – вели Дејвид Мернс, спасител и пријател на двајцата мажи заробени во подморницата.
Американската крајбрежна стража денеска на Твитер објави дека во четвртокот е пронајдено „поле со отпад“ во близина на потонатиот брод „Титаник“ и додаде дека експертите допрва треба да ги анализираат парчињата за да утврдат дали припаѓаат на исчезнатата подморница.
Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.