Претседателските избори во Турција одат во втор круг, бидејќи Реџеп Таип Ердоган го победи својот главен ривал Кемал Киличдароглу, но не успеа да го надмине прагот од 50 отсто потребен за да се избегне вториот круг.
69-годишниот конзервативен претседател помина подобро од предвидените анкети во првиот круг од клучните избори, со 49,51 отсто наспроти Кемал Киличдароглу 44,88 отсто, додека третиот кандидат Синан Оган освои 5,17 отсто од гласовите.
Вториот круг од претседателските избори во Турција е закажан на 28. мај.
Ахмет Јенер, првиот човек на Врховниот избирачки одбор на Турција, соопшти дека дури и кога ќе се распределат преостанатите 35.874 непреброени странски гласови, никој нема да го обезбеди потребното мнозинство за целосно да победи на изборите.
„Излезноста на гласачите беше 88,92 отсто, а во странство 52,69 отсто“, соопшти Ахмет Јенер.