Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, е нов директор на Царинската управа.
Стефан Богоев, кој е и потпретседател на СДСМ, доаѓа на директорската функција на местото на Славица Кутиров која беше на чело на институцијата две години.
Стефан Богоев оваа информација веќе ја потврди за неколку веб-портали дека на денешната владина седница е именуван за нов директор на Царина.
За потсетување, на локалните избори во 2017 тој беше избран за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ, а на изборите во 2021 не влезе во трката за втор мандат.
Тој во својата политичка кариера беше избран и за пратеник во Собранието на изборите во 2014, а реизбран беше и во 2016.