Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на крајот од посетата на Република Ирска изјави дека одлучил да се кандидира за втор претседателски мандат и потврди дека официјално ќе ја објави својата кандидатура „релативно наскоро“.
„Ќе го објавиме тоа релативно наскоро, но самото патување во Ирска го зајакна моето чувство на оптимизам за тоа што може да се направи“, изјави Џо Бајден на новинарите на крајот од своето патување во Ирска, објави медиусмката агенција Reuters.
Reuters известува дека иако многу од поддржувачите на Џо Бајден не се сигурни дали 80-годишниот претседател, еден од најстарите претседатели во светот, навистина е способен да се обврзе на втор четиригодишен мандат во Белата куќа, блиските соработници и сојузници, далеку од очите на јавноста, веќе почнаа да преземаат чекори за поставување инфраструктура за кампањата и прибирање средства за вториот мандат.
На крајот на неговиот втор претседателски мандат, Џо Бајден би имал 86 години, што е девет години постаро од просечниот животен век на мажите во САД.